ВИДЕО: Дваесет и седум лица загинаа во експлозијата во Бангкок
Дваесет и седум лица загинаа, а повеќе од 80 се ранети денеска во експлозија на бомба во главниот град на Тајланд, Бангкок, јавија локалните медиуми.
Најголем дел од ранетите се туристи од Кина и Тајван.
Инцидентот се случи кога бомба поставена на мотор експлодира пред хиндуистички храм во центарот на Бангког.
Претходно медиумите јавија дека бомбата била поставена пред трговски центар.
Оцени ја веста
17.08.2015 - 18:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа