Чола, Тамара, Есма, Ламбе... богата музичка програма на „Етноплоштад“ во Берово
Со почеток на 27-ми август, во Берово традиционално ќе се оддржи дводневниот фестивал “Етноплоштад”, каде што освен одлична здрава и вкусна храна, беровчани ќе понудат и одлична музичка програма.
Програмата на фестивалот е сперцијализирана да може да задоволи различни вкусови а сепак да го запази препознатливиот идентитет на ЕТНО фестивал со музика во која ќе уживаат голем број посетители.
Главен настан на фестивалот е балканската звезда Здравко Чолиќ, покрај него ќе настапат Есма Реџепова, Газменд Бериша Проект, Линзи Полак од Австралија, Африкан Битс од Франција, Слаткаристика, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Eye Cue, Уска Кан, Монистра.
Очекувана посетеност на фестивалот е околу 100 000 гости. На околу 50 штандови ќе бидат презентирани културното наследство и еколошки производи , кои ќе ја зачуваат автентичноста на фестивалот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа