Тешка сообраќајка кај Кавадарци, интервенирале и пожарникарите

 

Три лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа која доцна попладнево се случи на патот од Кавадарци кон мотел Дреново, на патот Градско-Прилеп.

Информацијата ја потврдуваат како од територијалната противпожарна единица од Кавадарци, така и од итната медицинска помош од овој град.

- Интервениравме бидејќи еден од повредените беше приклештен во возило кое од ударот беше исфрлено на тешко пристапен дел, па моравме да го извлечеме. На лице место бевме тројца пожарникари со едно возило, велат од противпожарната служба за МИА.

Според пожарникарите кои беа на лице место, во сообраќајката учествувале три возила, „голф“, „форд“ и „опел вектра“. 

Од брзата помош во Кавадарци велат дека нивни колеги се уште се со повредените кои биле префрлени во градската општа болница во овој град. 

 

 

Оцени ја веста

16.08.2015 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега