Важна вест за сите кои живеат во Маџари и Ченто
Денеска поради реконструкција и проширување на улица „Маџари“, и тоа од крстосницата со улица „Јужноморавски бригади“ и улица „Антон Попов“ (старо Методија Андонов Ченто) до крстосницата со улица„Финска“, ќе бидат пренасочени автобусите на ЈСП.
- Автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија бр.„65В“, наместо по својата траса улица „Маџари“ продолжуваат по улица „Антон Попов“ се пренасочуваат по улица „Финска“ и продолжува по својата траса.
- Автобусите на автобуската линија бр.„23 се движат по улица „Маџари“,се пренасочуваат по улица „Финска“ и продолжуваат по улица „Антон Попов“ по својата траса.
Истите траси ќе се користат и во обратна насока. При измена на трасите ќе се користат постоечките автобуски стојалишта
-Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот, се наведува во соопштението на Град Скопје.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа