Хулиганите кои запалија автобус во поддршка на Џафери ќе ја слушнат својата пресуда

 

Денеска ќе биде соопштена пресудата за насилните протести што се случија во март за поддршка на тогаш избраниот министер за одбрана Талат Џафер.

За насилство на протестите се обвинети 17 лица кои демолираа автомобили, автобуски станици и запалија автобус.

Лицето кое е обвинето за палење на автобусот, пред судот ја негираше неговата вмешаност во настанот. Останатите обвинети исто така тврдеа дека не учествувале во инциденттите, иако судијката им покажуваше слики.

 

Протестите за поддршка на Џафери беа организирани веднаш по протестите против изборот на Џафери за министер за одбрана.

најчитано сега