Северина конечно прозборе за секс-снимката со неа

 

Хрватската пејачка Северина после долги години конечно прозборе за секс снимката со неа која излезе во јавноста.

Во разговор за словенскиот весник „Дело“, таа проговорила откако и поставиле прашање како денес жените можат да се уништат лесно со подметување на лаги.

- За жал, тоа е вистина. Како што мене ми се случи онаа ситуација со снимката. Не можев да излезам од дома, не можев повеќе да застанам на сцена. Ништо не ме интересираше. Најдобро ќе беше да кажев дека не учествував во филмот, нели? А тоа вашата интима така да се искористи е застрашувачки. За да го разберете, мора да го доживеете. Јас го доживеав како психичко и медиумско силување. Мислев дека никогаш повеќе нема да се вратам на естрадата, објаснува популарната Севе.

најчитано сега