Фатил крадец во својот дом - го врзал и го оставил во дворот
Маж од Оклахома фатил крадец во својот дом, но со него сторил нешто невообичаено. Тој го нападнал, го соборил на земја, квалитетно го врзал и го оставил на тревникот во незгодна положба да ги дочека полицајците.
- Се однесуваше како супер јунак, изјави неговата бремена сопруга Денај Хјустон.
Брачниот пар Хјустон во текот на ноќта бил разбуден од звук на кршење на прозорец. Потоа слушнале звуци, кои доаѓале од гаражата, а сопругот застанал покрај вратата и го почекал крадецот „да си ја заврши работата“. Откако се појавил Хјустон го нападнал, го соборил на земја и го врзал.
ФОТО: Региони.мк