Грција ќе добие нова државна радио и телевизија?

Грчката Влада во парламентот поднесе предлог закон за формирање нова државна радио и телевизија, која ќе го замени претходниот државен медиум ЕРТ, што минатиот месец беше затворен од владеачката коалиција, пренесе радио Атина.

Новиот медиум ќе се нарекува „Ново грчко радио, интернет и телевизија“ (НЕПИТ), ќе биде независен од државата и нема да се контролира од власта и политичките партии.

Инаку, затворањето на ЕРТ во Грција предизвика низа протести.

ФОТО: Денешен

најчитано сега