Умберто де Прето во посета на Македонија

Новиот генерален секретар на Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ), Умберто де Прето, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Тој ќе пристигне во Македонија по покана на Стопанската интересна заедница за патен транспорт МАКЕДОНИЈА СООБРАЌАЈ-АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија.

Во рамки на посетата предвидено е Де Прето да се сретне со управителот на „Македонија сообраќај - АМЕРИТ“, Златко Кочовски, со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и со скопскиот градоначалник Коце Трајановски. 

најчитано сега