Кастратовиќ потпиша едногодишен договор со Вардар Про

Зоран Кастратовиќ и официјално стана тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар Про и во следната година ќе ги води црвено - црните. Кастратовиќ остана слободен откако му истече договорот со репрезентацијата на Црна Гора, тим кој што го однесе на Европското првенство во Данска во 2014 година. Од Вардар Про му дадоа одврзанир раце доколку сака да продолжи да ги води и двете функции. 

- Зоран ќе остане најмалку една година во Вардар Про, а договорот ќе зависи од успехот и од соработката што ќе ја имаме . Нема да имам ништо против да  остане и на кормилотот на селекцијата на Црна Гора. Но, засега е само тренер на Вардар Про, изјави спортскиот директор на клубот Сергеј Самсоненко. 

најчитано сега