Кавадаречките пожарникари со полни раце работа - 70 интервенции за шест месеци

Tериторијалната противпожарна единица од Кавадарци имала 70 интервенции за шесте месеци од оваа година, информира командирот на единицата, Илчо Богевски.

Богоевски прецизираше дека интервенциите се однесуваат на териториите на општините Кавадарци и Росоман.

- На затворен простор имавме 62 пожари во населени места. Се работи главно за пожари во текот на грејната сезона кои се случуваа поради неправилно изведени оџаци во објекти. Два пожара се случија на отворен простор при што на 5 хектари изгореа нискостеблеста шума и трева, објасни Богевски.

Богоевски посочи дека во 6 случаи имале техничка интервенција при тешки сообраќајни несреќи.

најчитано сега