Сто жени биле силувани на плоштадот во Египет за време на протестите

Речиси 100 жени биле силувани на плоштадот „Тахрир“ во текот на протестите против претседателот на Египет, Морси.

„Хјуман рајтс воч“ кој го објави овој податок издаде соооштение, повикувајќи се на податоците на Египетската организација против сексуално вознемирување и напади која раководи со СОС линијата за жртви од сексуално злоставување, според која само во неделата имало 46 такви напади врз жени, 17 во понеделникот и уште 23 во вторникот.

- Ова се тешки злосторства кои ги одвраќаат жените од целосно учество во јавниот живот на Египет во критичниот момент за развојот на земјата, подвлече Џо Сторк, заменик-директор на „Хјуман рајтс воч“ за Блискиот Исток.