Кожув ќе ги нагости „Партизан“ и „ПАОК“ - Гевгелија организатор на меѓународниот кошаркарски турнир

Во Гевгелија ќе се организира меѓународниот кошаркарски турнир кој ќе започне на почетокот на септември. Градоначалникот Иван Франгов ваквиот настан го договори со директорот на „Партизан“ Драган Тодориќ и првиот човек на Кошаркарскиот сојуз на Србија Драган Томашевиќ како и со претседателот на „кожуф“ Томица Главчев. . 

По средбата беше соопштено дека домаќин на турнирот ќе биде „Кожуф“, а досега учеството го потврдиле елитните кошаркарски екипи „Партизан“ од Белград и „ПАОК“ од Солун. Гостите на градоначалникот Франгов му подарија дрес на „Партизан“ со неговото име.

најчитано сега