ФОТО: Погледнете ја гужвата на македонските гранични премини во моментов

Табановце и Богородица очекувано се најфрекфентни гранични премини во Македонија во моментов. Сепак и на двете државни граници, на македонската страна, нема поголеми задржувања од оние на кои сме навикнати.

На Табановце повеќе се чека за влез во Македонија, поради големиот број странски туистикои транзитираат низ Македонија. Доколку влегувате во земјава, преку Табановце ќе почекате некаде околу 1 час. 

На граничниот преми Богородица како што може да видите од сликата има колона за излез од Македонија. Немаме информација каква е состојбата за влез во Грција, но ако се има предвид она што можеше да се види цело лето, час и половина чекање не ви бега.

На граничниот премин Деве Баир кон Бугарија воопшто и нема задржувања.

 

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега