Два пожари беснееја во Крива Паланка

Кривопаланечките пожарникари во изминатото деноноќие извршиле две интервенции на пожари на територијата на општината. Еден се случил во градското подрачје на Крива Паланка, а другиот во селото Т’лминци.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Иле Коцевски, иформира дека во село Тлминци интервенирале за запалена дабова шума, а другиот пожар настанал од неисправна електрична инсталација.

-Во село Т’лминци на осми август беа опожарени два хектари дабова шума и половина хектар сува трева. На деветти околу полноќ примена е дојава за пожар на истата локација при што нашите екипи беа попречени во брзата и навремена интервенција. На влезот во нашата служба неколку несовесни граѓани ги имаа паркирано своите возила, па додека да ги пронајдеме во околните локали, игубивме време за излегување на терен, изјави Коцевски.

Тој апелира до граѓаните во иднина посовесно да се однесуваат и да не го узурпирааат просторот, до и околу зградата на ТППЕ.

-Ги замолувам сите кои паркираат во околината на нашата зграда да внимаваат притоа да не го попречуваат нормалното движење по улицата. За среќа малото доцнење на нашата екипа во овој случај не беше причина за настанување поголема материјална штета, изгорен е само 0,1 хектар сува трева, но доколку тоа се случеше кај другиот пожар кога се запали електирично броило, можеше да изгори цела куќа, рече Коцевски.

Додаде дека во пожарот на „Баглачка“ ББ поради неисправна инсталација изгореле електирчно броило и осигурувачи во приватна куќа. На терен се излезени и екипи на ЕВН Македонија заради пронаоѓање и санирање на дефектот во електричното напојување.

Од почетокот на месец август на територијата на Крива Паланка се случиле четири пожари, додека во јули имало десет пожари во општината.

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега