Конечно откриено: Еве зошто се самоуби Робин Вилијамс
Една недела откако обдукцијата потврди дека славниот актер Робин Вилијамс се самоубил, медиумите веќе пишуваат за тоа што го натерало да посегне по својот живот.
– Самоубиството можеби било предизвикано од вообичаената, но погубна деменција која оневозможува нормални функции на мозокот – пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс имал деменција предизвикана од Паркинсонова болест и веројатно поради тоа имал халуцинации.
Халуцинациите се вообичаени меѓу луѓето кои патат од деменција и имаат проблем да ги препознаат пријателите и членовите на семејството. Болеста предизвикува проблеми со вниманието и вознемиреност.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа