Прилепчанец остана без своето богатство

 

Вчера во полициската станица во Прилеп  лицето С.Т.(56) од с.Врбјани, пријавил дека во Прилеп во неговата куќа, засега непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 1020 американски долари, 340 евра, 31.000,00 денари, златен накит и пиштол „ЦЗ-99“ кал.9мм, кој оштетениот го поседувал со дозвола, со рамка со 13 куршуми, а потоа го напуштил лице местото. Со тешката кражба причинета е материјална штета од околу 145.000,00 денари. 

Полицијата трага по сторителот.

 

 

Оцени ја веста

08.08.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега