Под лупа имотот на осудените од „Пајажина“

Отворена е постапка за конфискација на имотот и сметките на дваесетмината осудени во случајот „Пајажина“, кои треба да платат 4,5 милиони евра за затаен данок и оштетени доверители, пренесува Плусинфо.

 

Од Агенцијата за управување со одземен имот, за Плусинфо велат дека сеуште не е ставен на продажба имотот на Рамковски и останатите кои се осудени на казна затвор, бидејќи станува збор за голем предмет. Оттаму велат дека, додека е во тек постапката, не можат да коментираат дали конфискацијата ќе се прошири и на членовите од семејствата на обвинетите.

 - Во тек е постапка за преземање правни дејствија кои се во надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот, а се однесуваат на конфискација на подвижни предмети, недвижнини, парични средства, како и друг имот со кој ќе се намири имотната корист утврдена во правосилната пресуда по предметот „Пајажина“. Во моментов се преземаат оперативни дејствија, обемна е пресудата и сè уште не се знае дали ќе има проширена конфискација, велат од Агенцијата за Плусинфо.

Во март минатата година беше донесена пресуда за 23 обвинети во „Пајажина“. Ослободителна пресуда добија тројца од нив, едно лице беше условно осудено, додека останатите деветнаесетмина добија казна затвор од 109 години. И скопскиот Апелационен суд ја потврди оваа пресуда.

ФОТО: Сител

најчитано сега