Пике: Барселона не смее да помисли за продажба на Меси!

Фудбалерот на Барселона воедно и сопруг на преубавата пејачка Шакира, Џерар Пике, , изјави дека неговиот соиграч Лионел Меси едноставно е недопирлив и дека Барселона не би требало ниту да помислу да го продаде.

Оваа реакција на Пике следува по ставот на Јохан Кројф кој побара Барселона да размисли за продажба на Меси поради доаѓањето на Нејмер на „Камп Ноу“.

- Во клубот многу често се прифаќаат сугестиите на Кројф кој направил многу за Барселона. Тој на повеќе пати предложувал позитивни работи, но мислам дека во случајот со Меси греши. Аргентинецот е најдобар играч на светот и за нас би била голема загуба да не биде во тимот. Би испаднале глупи да не го искористиме тоа што Меси е наш играч, изјави Пике.

 

најчитано сега