Сите му се семееја - сега живее во поголем стан и штеди 500 евра месечно

Сем Кукни од Лондон, неодамна заклучи дека не може да ја трпи висината на киријата за станот во својот град. Затоа се сети на нешто интересно - што ќе се случи ако се пресели во Барселона, а да работи во Лондон?

На почетокот многу луѓе го обесхрабрувале, но тој сепак изнајми трособен стан во Барселона и секој ден патува на работа во Лондон со авион.

Британецот израчуна дека патот со авион ќе го чини 34 евра дневно, а таксито од аеродромот до работа дополнителни 33 евра, и плус за кафе и доручек, па така тој секој месец би заштедил 421 евра.

„Се исплати, се чувствувам подобро и штедам“, изјави Британецот.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега