Нова опрема, едукации, вработувања - поквалитетен систем и подобра здравствена услуга

Република Македонија за пациентите овозможи, доколку тоа е потребно, лечење во странство, но со намалена партиципација. Одлуката за испраќање на пациент на лекување во странските болници ја носи стручна комисија од лекари која утврдува дали на некој пациент му е потребно лекување надвор од Македонија.

Дополнително, она што државата го овозможи е значително намалена партиципација. Од 2013 година наместо 20% за лекување во странство, пациентите плаќаат партиципација од 200 евра. Секој осигуреник за здравствена интервенција надвор од Република Македонија плаќа максимум 12.000 денари. Колку за потсетување претходно тие 20% за лекување во странство достигнуваа износ од десетици илјади евра. На пример доколку интервенција на некој осигуреник изнесувала 100.000 евра, тој плаќал 20.000 евра. Ова останува во минатото, бидејќи сега за лекување во странство, колку и да е износот на истото, осигуреникот плаќа само 200 евра.

Република Македонија на лекување со целосно покривање на трошоците на трошоците ги праќа сите лица за кои стручната комисија од лекари специјалисти ќе утврди дека тоа е потребно.

За овие намени буџетот на ФЗОМ година е рекордно покачен, истиот изнесува 24 милијарди денари, за разлика од 2005-та година кога во касата на Фондот имало 15 милијарди денари.

Министерството за здравство со низата проекти значително ја подобрува состојбата во болниците. Здравствената нега е на повисоко ниво, а медицинската услуга поквалитетна.

Преку проектот за едукации во странство на здравствените работници кој континуирано се реализира досега над 1.500 здравствени работници се испратени на едукации во странство, а во текот на годинава предвидено е вкупно 1000 здравствени работници (од кои околу 800 доктори) да заминат на едукација во реномирани медицински центри.

Целта на спроведувањето на овој проекти е со стручното доусовршување и совладувањето нови методи во работата да се унапреди квалитетот на здравствената услуга во македонските установи.

Пример за тоа е и за прв пат изведената спектроскопија - неврорадиолошка процедура за одредување на ниво на оштетување на мозочни клетки и можност за нивна ревитализација во штипската клиничка болница. Оваа интервенција е направен откако тим од доктор и технолог беше на едукација во Клинички Центар Љубљана На Клиниката за радиологија, пак, е воведена нова метода - преглед на фетус со магнетна резонанца, за која една докторка беше испратена на едукација во болницата „Роналд Реган“ во рамки на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес. Станува збор за специфична метода која дава многу позитивни резултати во детекција на аномалии на плодот.

Подобрување на квалитетот на здравствените услуги се врши и преку набавка на современа медицинска опрема. За модернизација на здравството беше распшан тендер за набавка на нова медицинска опрема вредна 68 милиони евра. Се набави современа апаратура во сите јавни здравствени установи, како што се: 6 компјутеризирани томографи, 4 магнетни резонанци, 4 апарати за коронарографија, 9 мамографи, 40 современи ехо-апарати за хирургија, гинекологија, радиологија, 20 машини за дишење, 40 инкубатори за недоносени новороденчиња, хируршки инструменти, операциони столови итн.

Новата опрема овозможи подобрување на општата здравствена состојба на населението преку навремено дијагностицирање на болестите, давање услуги според највисоки стандарди, намалување на просечното време на лекување, намалување на трошоците за болничко лекување по пациент, намалување на потрошувачката на лекови и постоперативни компликации и подобрување на работната способност на населението.

Набавена е опрема за Центарот за спинална хирургија, во вредност од околу  500.000 евра, како и опремата за потребите на Клиниката за државна кардиохирургија вредност од околу 1.500.000 евра. На Клиниката за онкологија е инсталиран нов линеарен акцелератор за системски тумори, што придонесе за намалување на времето на чекање, подобрување на терапискиот ефект и подобрување на квалитетот на здравствената услуга.

Со цел намалување на гужвите во амбулатните чекални, воведување ред во листите на чекање, се воведе системот Мој Термин кој во моментов има над 11.500 корисниц и претставува најголем централизиран и целосен online систем во државава и регионот.

Во изминатата 2014 година, во Мој Термин се креирале вкупно 5.366.871 упати, преку кои биле прегледани 1.040.963 различни пациенти. Според податоците од системот, бројот на подигнати лекови во 2014 изнесува 18.755.650, додека вкупниот број на електронски медицински досиеја во системот е над 1.550.000.

Во здравствениот систем, се инвестира и во зајакнување на човечките капацитети, покрај модернизирањето и набавката на современа опрема.

Во изминатите речиси 3 години, реализирани се околу 2.000 нови вработувања во сите јавни здравствени установи, а со Законот за  трансформација во редовен работен однос на неопределено време се вработуваат уште дополнителни околу 2.000 волонтери или лица ангажирани со договор. За период од околу 4 години ќе се реализираат над 4000 вработувања, што претставува најсилно зајакнување на човечките потенцијали во здравството во Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега