Куршумот им завршил во кујна: Пукање во гостиварско

Скршено стакло од прозорец и помали оштетувања на инвентар е последниот случај кој е регистриран во Гостиварско, откако заталкан куршум завршил во летна кујна.

Според СВР Тетово, половина час по полноќ звук на кршење стакло ги вознемирил домашните во куќа во селото Долна Бањица. Набрзо потоа сопственикот Љ.Л. (52) пријавил во полиција дека во летната кујна од домот нашол зрно од куршум. По извршениот увид било утврдено дека станува збор за проектил од огнено оружје кој најверојатно бил испукан од непозната локација. Зрното е подигнато и дадено на вештачење и се работи на откривање кој и од каде пукал.

Во овој, последен во низата вакви инциденти нема повредени, а штетата е мала. Во изминатите три недели во Гостиварско се регистрирани четири случаи на оштетувања од заталкани куршуми кои најверојатно се последица на недозволена употреба на огнено оружје на семејни веселби. Во еден таков случај десетгодишно дете го загуби животот откако беше погодено во глава од заталкан куршум.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега