Владините проекти во туризмот даваат позитивни резултати во туристичката дејност

Субвенции за тур оператори, евтини авиолетови до Македонија, изградба на плажи, пешачки и планинарски патеки, промоција на Македонија како туристичка дестинација, мерка за изградба на хотели на државно земјиште со откуп по почетна цена од едно евро по метар квадратен, постојан дијалог со туристичката бизнис заедница.

Овие и многу други владини проекти во туризмот даваат позитивни резултати во туристичката дејност, што покажуваат и официјалните статистики според кои бројот на туристи е во постојан раст. Бројот на туристи во мај е зголемен за 7,4 проценти во споредба со тој месец минатата година.

Македонија се трансформира во хит туристичка дестинација, и за домашните и за странските гости. Се зголемија побарувачката и бројот на резервации, преку тур-операторите се најавени нови гости од странство, хотелските капацитети се полни. Бројот на странските туристи во периодот јануари - март 2015 во однос на истиот период лани е зголемен за 14 отсто, а евидентиран е и раст на бројот на ноќевања на 9,6 проценти.

- Од почетокот на  годинава ги презентиравме туристичките потенцијали на 15 интернационални саеми за туризам каде што учествуваа преку 25 туристички агенции и турооператори од Македонија, што е доказ дека квалитетот, односно конкурентноста на понудата е зголемена. Продолжуваме со агресивна медиумска кампања, како и со организација на студиски посети и информативни патувања во земјава при што можност да се запознаат со потенцијалите на земјава имаат тур-ооператори од Америка, Русија, Шведска , Фрацнија,..., истакна неодамна  директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски.

Владините проекти овозможуваат континуиран раст на дејноста туризам во последните пет-шест години. Бројот на странски туристи е во постојан пораст, што е особено значајно бидејќи се привлекуваат странски пари кои остануваат во Република Македонија и тоа не само во туризмот, туку и во многу други стопански гранки кои се во корелација со него, како угостителство, транспорт, мали бизниси, со што се обезбедуваат и значаен број на вработувања.

 

makedonija turizam 0

Промоција на Македонија како туристичка дестинација на светските медиуми

Зголемувањето на бројот на туристи во земјава и натаму расте затоа што Македонија во континуитет има активности на меѓународен план.

- Редовно одат реклами на странските телевизии Еуроспорт  и Си-Ен-Ен .Агенцијата за туризам редовно ги посетува најзначајните саеми за туризам каде што најмногу се привлекуваат туроператорите и едно од поважните прашања е исто така што обезбедивме многу нови субвенционирани авиолинии на ниско тарифни компании. За 20, 30 евра носат многу голем број туристи, а исто така придонесуваат за зголемување на бројот на Македонците кои што сакаат да одат надвор од државата и да посетат странски дестинации за ниски износи повратна карта од 20 до 30 евра, изјави неодамна премиерот Груевски, кој нагласи дека од 2007 година е дуплиран бројот на странски туристи во Македонија.

Македонскиот туристички потенцијал пред само две недели беше претставен во германскиот град Келн.  Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираа дека туристичките агенции и хотелиерите ги промовираат туристичките производи на Македонија, со промотивни материјали и конкурентни туристички понуди за европските и светските тур оператори и потенцијални туристи.

Германскиот туристички пазар е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии со Германија, овозможени од нискобуџетните авиокомпании.

velosipedizam-nt

Македонија во „Њујорк Тајмс“- импресии од македонската култура и глетките во нашата земја

Џим Џонсон од „Бајк турс дајрект“ беше толку импресиониран од македонската култура и глетките во Македонија што тој работеше со „Рајд Маседониа“, локален трговец, за да ја развие „Откриј ја Македонија“Discover Macedonia, деветдневна тура со умерено возење велосипед и пешачење.

Првата, сега веќе распродадена, почнува на 25 август; втората на 23 септември. Трошокот е 1.010 ЕУР по лице, околу 1.093 американски долари. („Бајк турс дајрект“ не работи со турите, туку застапува оператори во повеќе од 70 земји), пишува Њујорк Тајмс. „Ние замислуваме толку многу традиции во Европа, поголем дел се исчезнати“, вели г. Џонсон. „Но, ако отидете во Македонија таму ќе видите села каде луѓето таму живеат со генерации“.Најзначаен дел е Охрид, град под заштита на Унеско и една од европските најстари населби што датира од пред 5.000 години.

Другите места вклучуваат национални паркови, подалечни села и Скопје, главниот град.Г. Џонсон ќе се приклучи на првата тура како патник. „Бидејќи тоа е нова земја и сѐ уште мошне непозната, моето присуство таму ќе им даде мир на нашите клиенти“, вели тој. „Но, и јас одвај чекам да одам“.

175000mail.google.com

Претставници на најстариот тур оператор во светот на гости во Македонија

Претставници на најголемиот и најстар тур оператор во светот „Thomas Cook Group“ од Англија, од денеска се во постета на Македонија, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Директорот на Агенцијата Кристијан Џамбазовски на средбата со директорот на „Thomas Cook“ во седиштето на комапнијата во Англија, Тим Џотс, на која присуствувале и менаџерите на компанијата за Германија и за Белгија, Феликс Хортолами и Стефан Џоли, му ги презентирал условите кои ги нуди Владата за субвенционирање на туризмот како и инвестирањето во маркетинг кој е исплатлив за Македонија.-Охрабрени од резултатите и статистичките податоци за раст на бројот на странски туристи оваа сезона, која е во полн ек, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот континуирано работи на отварање нови туристички пазари.

Агенцијата ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка на странски тур оператори преку доделување на субвенции за странски туристички промет во државата, се истакнува во соопштението од Агенцијата.Агенцијата ќе организира бизнис состаноци со туристичкото стопанство од Македонија, тур оператори, хотелијери, асоцијации и комори за туризам, а гостите ќе бидат и во неколкудневна посета на Охрид, пришто ќе им се претстави туристичкиот производ од Македонија и потенцијалот со кој располага земјата како сеуште неоткриена европска туристичка дестинација.

Од АППТ велат дека со проектите на Владата кои се во фаза на реализација како и со новопредвидени проекти се цели кон создавање услови за унапредување на туристичкиот производ и значително збогатување на понудата на туристички содржини.

Расте интересот кај француските туристи за посета на Македонија

Интересот кај француските туристи за посета на Македонија и охридско-струшкиот регион расте. За нив е важен пречекот од угостителите, но и познавањето француски јазик, изјави деновиве за медиумите директорката на Францускиот институт во Скопје Марки Барбо.

-За француските туристи и оние од франкофонските земји многу е важен пречекот. Кога ќе дојдат во еден хотел или ресторан, иако сите зборуваат англиски овде и не е проблем да се разберат, би било поубаво кога би можеле да ги пречекаат на француски јазик. Познавањето француски јазик за дочек на француските туристи е многу важна работа, рече Барбо, посочувајќи дека интересот кај французите би бил уште поголем доколку нашите хотелски работници би говореле вториот официјален јазик во Европската унија.

Она што ги привлекува гостите од Франција за да ја посетат земјава, според неа, е преубавата природа, планините, изворите, езерата, културните манифестации и знаменитости.

Според весникот „Турист Маг“ лани биле регистрирани 14 отсто повеќе француски туристи во Македонија во споредба со 2013-та година. Минатата година Македонија ја посетиле 5.327 француски туристи со што бројот на ноќевањата се зголемил за 28 проценти. 

dojran1-600x338

Дојран го врати стариот сјај

Дојран целосно ги уреди плажите и веќе е подготвен да ги прими сите туристи. Инфраструктурата е значително подобрена, инвестициите даваат резултат, се очекува годинава да се приберат плодовите од вложеното.

-Сме доаѓале и порано, но сега плажите се уредени, езерото е полно и сè е средено и чисто, вели туристка од Кавадарци.

-Јас 20 години не сум бил во Дојран, но сега градот е целосно промет во позитивна смисла. Има туристи и од странство и навистина сум пријатно изненаден, вели гостин од Скопје.Малото гратче на југот, освен од класичниот туризам, живее и до Грците кои за викенд го преплавуваат местото.

Гостите од северна Грција доаѓаат да наполнат гориво, пазаруваат во супермаркетите, посетуваат стоматолог, а оние го повеќе пари одат во казино, кое за разлика од гевгелиските е во домашна сопственост.

ohrid-sl500

Охрид ќе добие нови пешачки зони, реконструиран кеј, современа плажа и марина

Градежната експанзија не стивнува во Охрид. Општината  веќе ги има дефинирано акционите планови за изградба на два нови крупни проекти во делот на инфраструктурата кои ќе го  подобрат нормалното функционирање и туристичката слика на Oхрид.

Градоначалникот Никола Бакрачески обелодени дека  едниот од двата крупни  проекти    се однесува на реконструкција на градскиот  кеј којшто во моментов е доста оштетен,  а другиот се однесува   на изградба на пешачка и велосипедска зона  од мостот кај каналот „Студенчишта“ по неговата лева страна до „Билјанини извори“.

– Наша обврска е во наредниот период да го реконструираме кејот. За таа цел веќе е изработено идејно решение и главен проект и во текот на оваа или наредната недела ќе се објави тендер за изведба на градежните работи. Се работи за едно современо но  во исто време автентично решение кое што  ќе го промени изгледот на Охрид во централното градско подрачје и ќе овозможи  градов  да биде уште поатрактивен во иднина, изјави Бакрачески  кој  укажа и на плановите  за изградба на пешачка и велосипедска  зона од мостот кај каналот   Студенчишта по неговата лева страна се до „Билјанини извори“.

Од месец септември  се очекува  да започне и  изградбата на една од најсовремените плажи на потегот кај населбата Лагадин во должина од 500 метри. Покрај  пропратните  елементи кои се неопходни за функционирање , оваа плажа ќе биде  со регулиран паркинг простор со што конечно ќе се стави крај на  долгогодишниот проблем којшто  се однесува на  неадекватно паркирање  на возила кои го отежнуваат нормалното сообраќање  особено во шпицот на летната сезона.На крајот од месец  август годинава, почнуваат подготвителните работи за почетокот  на  втората  фаза  од изградбата на  атрактивната   пешачка и велосипедска патека од каналот Студенчишта до хотел „Парк“ во која се опфатени  нови 400 метри. Во завршна фаза влегуваат и реализациите на ветените капитални проекти.

Во месец септември се очекува да бидат удрени темелите на покриениот зелен пазар и на затворениот пливачки базен. На почетокот од есента  ќе се интензивираат  и активностите за реализација на започнатите проекти кои се поддржани од Светска Банка а кои се однесуваат на изградба на  бројни улици, канализациони мрежи и кружни токови. Во наредната година се очекува  да почне изградбата  на  современата автобуска станица.  Во период од една до две години во Охрид  ќе се градат и  многу други инфраструктурни проекти.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега