Штипјани дивееле на улица - полицијата се обидела да ги спречи но...

Триесетина минути по полноќ на улицата „Кирил и Методиј“ во Штип, двајца полициски службеници додека извршувале службено дејствие забележале како поголема група на лица сакале физички да се пресметаат. Полицајците веднаш реагирале за да не настане хаос, но едниот од нив бил физички нападнат од страна на 56-годишниот М.Д. неговиот син Д.Д.(18) и А.М.(38) по што насилниците избегале од местото на настанот.

По кратко време М.Д. и Д.М. се пронајдени и приведени и со истите извршен е разговор, додека по А.М. се уште се трага и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветна кривична.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега