Херои: Кучиња-скитници спасиле девојче од силување

Едно дванаесетгодишно девојче од Авганистан било спасено од страна на неколку кучиња скитници од момче кои сакало да ја силува.

Настанот се случил пред само неколку денови кога девојчето тргнало само до домот на својата тетка која сакала да ја посети, но на патот ја пресретнал непознат маж, ја зграпчил, и ја покрил устата со својата рака и ја одвлечкал на скришно место. Кога се обидел да ја соблече и да ја силува девојчето почнало гласно да вика, а одеднаш се појавиле кучиња скитници кои биле во близина и веднаш го нападнале манијакот. Тие почнале да го гризаат, а тоа му овозможило на девојчето да избега од местото на настанот и да се спаси благодарение на овие кучиња-скитници.

За сега полицијата сеуште не успеала да го најде манијакот кој се обидел да изврши обљуба врз младото девојче.

 

најчитано сега