Боливија: Барањето на Америка за екстрадиција на Сноуден е неосновано

Боливиските власти го отфрлија како неосновано барањето на САД за екстрадиција на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден, оценувајќи дека тоа нема правна смисла бидејќи тој не се наоѓа на територија на Боливија.

Авионот на боливискиот претседател Ево Моралес, кој се враќаше од посета на Русија, беше принуден да слета во Виена, откако Франција и неколку европски земји му забранија прелет низ нивниот воздушен простор по сомневањето дека во него се наоѓа Сноуден.

- Боливија сака да потврди и категорично да повтори дека Сноуден не се сретнал со Моралес во Русија, ниту пак се качил на неговиот авион, ниту се наоѓа на боливиска територија, се наведува во соопштението на Министерството.

 

најчитано сега