Хаос во Белград: Шешељ го запали хрватското знаме (ФОТО)

Пред хрватската амбасада во Белград завладеа хаос. 

Голем број на полициски службеници се обидуваат да воведат ред против нервозните приврзаници на Српската радикална партија и нејзиниот лидер Воислав Шешељ, кои се собраа во Белград, како реакција на одбележувањето на воената акција Бура и протерувањето на над 220.000 краински Срби

2500649710 1 ff

Шешељ пред толпата го запали хрватското државно знаме, пренесува српски Блиц.

Полицијата не му дозволи на Шешељ да одржи говор на страната на улицата во која е зградата на хрватската амбасада во Белград.

3500649711 2 ff

Сообраќајот на улицата во која се наоѓа амбасадата е запрен, а полициски кордон не им дозволува на следбениците на радикалите да дојдат до зградата.

4500649706 image2ea01f03475

 

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега