Грција молчи за писмото на Груевски до Самарас

Официјална Атина засега молчи за писмото што македонскиот премиер Никола Груевски му го испратил на грчкиот колега Андонис Самарас.

-Во канцеларијата на портпаролот на грчката Влада, Симос Кедикоглу велат дека за писмото слушнале од медиумите. На прашањето на МИА дали Самарас ќе ја прифати поканата на Груевски, или дали барем ќе одовори на писмото, добивме одоговор дека е многу тешко за еден ден да добиеме коментар и оти ќе се направат обиди со цел Кедикоглу да ни даде некаков одговор, пишува МИА.

Премиерот Груевски пред неколку дена му испратил писмо на грчкиот премиер Андонис Самарас, во кое од својот колега бара да го надминат застојот во разговорите за името. Груевски предлага да се создада тимови преводени од нив лично, во кои веројатно би биле вклучени и министрите за надворешни работи на двете земји и кои во интензивни разговори заедно со медијаторот Метју Нимиц би барале решение за спорот со името.

МИА, повикувајќи се на високи дипломатски извори, објавува дека Самарас го добил писмото и оти тоа сега се разгледува.

На 4 септември минатата година Самарас ги одби поканите за средби кои претходно писмено му ги упати премиерот Груевски. Македонскиот премиер тогаш понуди четири датуми за средби во август и септември. Во писмото Самарас ги одби барањата за средби и ги демантираше обвинувањата дека Грција го попречува европскиот пат на Македонија.

најчитано сега