Македонија бележи пад од 14 места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од 14 места на најновата ФИФА ранг листа.

Во квалификациите за СП најдобро пласирана е Хрватска која котира на осмата позиција. Исто така две од три селекции во групата со Македонија назадуваа, Србија е на 41.место, Велс е 46.ти, додека Шкотска со скок од 24 места се искачи на 50.та позиција.

На првите 10 места на јулската ФИФА листа се: Шпанија, Германија, Колумбија, Аргентина, Холандија, Италија, Португалија, Хрватска, Бразил и Белгија.

ФОТО: Журнал

најчитано сега