Грција доби рок до утре да ги заврши преговорите со Тројката

Еврозоната и постави рок на Атина најдоцна до утре да ги заврши преговорите со претставниците на „тројката“ меѓународни кредитори, тврди Етнос.

Во предупредувањето на еврозоната било наведенао дека ако Грција не го испочитува поставениот рок, исплатата на траншите од помошта ќе биде замрзната за период од три месеци. Главниот спор во овие преговори меѓу Грција и „тројката“ бил околу отпуштањето на вработени од државниот сектор, пренесува Етнос.

Од преговорите меѓу грчките власти и „тројката“ зависи исплатата на траншата од помошта во износ од 8,1 милијарди евра, кои Атина очекува да ги добие до крајот на овој месец. 

ФОТО: Нова Тв

најчитано сега