Во Белград денеска ќе бидат погребани сопругата и двете деца на српскиот свештеник

Литургија за спокој на душите на Татјана, Никола и Симеона Паниќ, семејството на отецот Радивоје Паниќ кое загина во страшна сообраќајна несреќа кај Гевгелија, утрово била одржана во храмот Свети Сава во белградската населба Врачар, пишува Блиц.

 

opelo-porodici-panic050815ras-foto-oliver-bunic03preview_f

 

Литургијата ја одржа митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј.

Татјана, Никола и Симеона, денеска ќе бидат погребани на гробиштата во Орловач, во 15 часот, а литиргијата ќе ја одржи патријарх Иринеј со повеќе архиереи.

Радивоје Паниќ, старешина на храмот Свети Сава, доживеа катастрофална сообраќајна несреќа во саботата, близу Гевгелија, кога неговото „рено меган“ удри во банкина и како последица на тешките повреди загинаа неговата сопруга и двете деца.

Свештеникот се уште е на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега