Требаше и јас да дојдам со вас - Христина во шок откако го загуби семејството кај Гевгелија

Христина Паниќ не може да поверува дека во еден момент остана без мајка, брат и сестра, кои загинаа во сообраќаната несреќа кај Гевгелија.

Според српскиот портал Курир, Христина е во шок, и сеуште не може да прифати дека остана без мајка, брат и сестра. Кога дознала за трагедијата, таа била на село кај дедо и. Цело време плачела и зборувала дека и таа требало да оди со нив на одмор во Грција.

Според пријателка на семејството, Христина во последен момент ја избегнала трагедијата, бидејќи одлучила да не оди во Грција. Кога слушнала за несреќата, толку многу се вознемирила што докторите и дале инекција за смирување.

Во несреќата која пред некој ден се случи кај Гевгелија, загина мајката Татјана, 18-годишниот син Никола и 10-годишната ќерка Симеона, додека таткото Радивој остана жив.

 

 

Оцени ја веста

05.08.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега