Грците се вртат кон користење дебитни картички

Во Грција доминира готовина, а непријавените трансакции се уште изнесуваат речиси четвртина од бруто домашниот производ, јави „Блумберг“.

Вонредните мерки, за кои поединци предупредуваа дека можат да го поттикнат „црниот пазар“, резултираа токму со спротивното, оценува њујоршката агенција.

- „Алфа банката“ само во јули издаде 220 илјади картички, што е повеќе во однос на вкупниот број картички издадени минатата година, затоа што пред се пензионерите сфатија дека до своите пари можат да дојдат преку банкомати, изјави генералниот менаџер на банката Леонидас Касумис.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Атина, приходите врз основа на користење дебитни картички на бензинските пумпи и во супермаркетите двојно се зголемиле со воведувањето контрола на капиталот.

- Контролата на капиталот е голем пресврт. Добра е за трговците, затоа што е ограничено движењето на готовина, добро е за банките затоа што ги намалува нивните оперативни трочоци. Но секако најдобра вест е за стопанството, наведе Касумис.

Ограничувањето на капиталот беше воведено кон крајот на јуни затоа што банките имаа проблеми со недостиг на пари и се одржуваа во живот со помош на средства од Европската централна банка.

Грците во моментов можат да подигнат 420 евра неделно, а не посоти ограничување на дебитните картички, под услов трансакциите да се извршени во земјата.

Најголемата грчка банка, „Националната банка на Грција“, во изминатите две недели издала преку 400 илјади дебитни картички, а бројот на активни Виза дебитни картички е повеќе од двојно зголемен во јули во однос на јуни, тврди менаџерот на американската компанија Виза за Европа, Никос Кабанопулос.

 

 

Оцени ја веста

04.08.2015 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега