Месиќ: Да не беше Милошевиќ Југославија ќе влезеше во ЕУ

Синоќа поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ изјави дека Југославија навистина би можела да стане членка на Европската унија, но, како што вели, да не беше Слободан Милошевиќ.

- Јасно е дека можевме. Бидејќи со оној модел на федерација на Југославија никој не беше задоволен, требаше да се постигне нов политички договор. Тоа значеше, ако не може федерација, тогаш може конфедерација на рок од три до пет години, а после тоа, ако видевме дека работите функционираат, можеме ние да го пролонгираме конфедералниот договор. А доколку не, секој оди кон својот пат. А целта е Европа, рекол Месиќ, а пренесува загрепскиот портал Index.hr.

- Тој сакаше врз урнатините на Југославија да создаде голема Србија! Го лажеше светот дека се бори за Југославија бидејќи на тој начин добиваше меѓународна поддршка, а Србите ги лажеше дека сите ќе живеат во една држава, рекол Месиќ.

ФОТО: Хајдпарк

најчитано сега