Еквадор ќе го разгледа барањето за екстрадиција на Сноуден

 

Еквадор ќе го разгледа официјалното барање од САД за екстрадиција на поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, изјави еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патињо.

- Добивме официјално барање и ќе го разгледаме внимателно, изјави тој. Патињо нагласи дека досега барањето на САД за предавање на Сноуден било изнесувано само во неофицијални разговори.

- САД имаат право да не го почитуваат принципот на реципроцитет во однос на екстрадицијата, па и ние имаме право да дејствуваме како што сметаме дека е потребно, преземајќи суверено решение, изјави Патињо.

најчитано сега