Египетскиот претседател Морси симнат од власт

 

Египет сеуште е на нозе. Откако војската синоќа соопшти дека на досегашниот шеф на државата Морси му е одземена власта, повторно настанаа нови судири меѓу приврзаниците и противниците.

Најмалку три лица загинаа во Александрија, од кои една жена, која со нож е избодена во стомакот, а 50 се ранети, додека осум лица загинаа во судирите во градот Марса Матру. Три лица загинаа во градот Минија, а 14 се ранети, а исто така во Каиро и во Асуан разлутени приврзаници на Муслимански браќа вршеле напади и уништувале автомобили.

Поради симнувањето на Морси од власт денеска претседателот на египетскиот Висок советодавен суд Адли Мансур ќе положи заклетва како времен претседател на Египет.

Голем број луѓе се радуваат за симнувањето на Морси од власт. Тие носат слики од поранешните претседатели Гамал Абдел Насер и Анвар ел Садат, и изјавуваат дека ова не е државен удар туку волја на народот.

 

најчитано сега