Гавазова се омажи по само 30 дена врска - еве ја нејзината љубовна приказна

 

-Јасмин е многу добар човек. Ме освои со својата скромност и несебичност. Тој знае да те ислуша кога треба, да ти даде совет, да ти помогне. Знае да ме насмее, да ме расположи. Тој е човекот на мојот живот, пресреќна сум што конечно го најдов”, вели Гавазова, која пред само една недела се сврши со Босанецот Јасмин, со кого беше во врска еден месец. Таа и идниот сопруг се запознале во Шведска на една семејна веселба, каде што Сузе била поканета да настапува, а Јасмин бил куќен пријател со домаќините, пишуваВечер.

-Се знаевме една година. Уште кога се запознавме, веднаш се роди некоја искра меѓу нас. Потоа се немавме видено некое време, па се сретнавме пак на слава кај истите пријатели и така почна се”, открива Сузе.

По само 30 дена забавување, Јасмин пријатно ја изненадил пејачката пред една недела кога и официјално и ја побарал раката.

-Бевме кај него дома, имавме гости. Ми рече дојди со мене да одиме да купиме чаши од маркет. Наместо во маркет, ме однесе на неговиот брод, клекна и ме побара за жена. Бев многу возбудена, не очекував такво нешто”, појаснува Гавазова и додава дека прстенот е преубав и е со голем дијамант.

Кон крајот на овој месец двојката ќе прави веридба, а свадбата ја планираат за идната година.

-Прво ќе направиме веридба. Да го запознае моето семејство. Тие уште не го познаваат, но го прифаќаат и се среќни за мене. Тоа е мој избор, и мајка ми и татко ми ме поддржуваат во мојата одлука”, вели Сузе и додава дека сака голема и спектакуларна свадба со многу гости и музика.

Вереникот веќе следната недела треба да допатува во Македонија, а од тука парот ќе се упати во Грција на годишен одмор

најчитано сега