Пронајден мртов маж на градилиште
На градилиште во сараевската населба Стип пронајден е мртов маж со повреди на главата, изјави портпаролот на Министарството за внатрешни работи на Кантонот Сараево Ирфан Нефиќ.
- Се работи за непознат маж чие тело е пронајдено утринава во 10 часот и 45 минути на градилиште на улицата Никола Шопа, по што е пријавено во Итна помош и полиција, рече Нефиќ.
Тој додаде дека полицијата врши увид, дека е известено обвинителството и ангажиран е судски вештак за да се утврдат околностите под кои загинал мажот.
Оцени ја веста
29.07.2015 - 14:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа