Утре не излегувајте ако не морате - пеколни 34 степени во Македонија

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните планински предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 26 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.

Од петок следува период кога во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

најчитано сега