Путин го потпиша законот со кој им се забранува на хомосексуалците да посвојуваат деца

 

Денеска претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот со кој се забранува посвојување на руски деца од хомосексуални двојки и странци кои не се во брак.

- Мерката има за цел да обезбеди на децата хармонично и целосно воспитување во примените семејства и да ги заштити нивните умови од несакано влијание, како што е неконвенционално сексуално однесување и појава на комплекси, душевно страдање и стрес, се наведува во соопштението на Кремљ.

ФОТО: Канал 5

 

најчитано сега