ФОТО: Зоран од Скопје знае како се пие пиво!
Зоран Тушевски е победник на првиот натпревар во „Брзо пиење на кригла точено пиво“ во општина Илинден како неофицијален дел од спортскиот викенд „Илинден 2015“, што се одржува во рамките на одбележувањето на Денот на Општината „Илинден 2 Август“.
Тушевски бил најбрз меѓу 12-те „величествени пивопијци“, колку што учествувале на натпреварот, што се одржал на терените на спотртско рекреативниот центар во Марино.
Според пропозициите во првиот круг по испиена една кригла пиво од половина литар, отпаднале „побавните“ шестмина. Во вториот круг пиеле по две кригли пиво, по што отпаднале четворица. Во финалето првите двајца според правилото требало да испијат по три кригли за да се добие најбрзиот пијач на пиво на натпреварот.
За финалистите, како и за сите натпреварувачи следувале пригодни награди.
Од општината најавуваа дека брзото пиење на пиво ќе стане традиција и дел од Спортскиот викенд „Илинден“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа