Му продавал на Садам Хусен хемикалии - на жртвите им плаќа 400,000 евра поради масакрот

 

Ван Анрат во моментов служи 17 години затворска казна поради обвинение дека сооучествувал во воени злосторства поради продажба на хемикалии на режимот на Садам Хусеин од 1985 до 1989 година. Холандскиот суд му наложи на Ван Анрат да плати по 25,000 евра плус камата за секој од вкупно 16-те луѓе кои поднеле тужба. Хемикалиите кои бизнисменот ги продавал создале смртоносен гас, кој изврши масакр над 5000 курди во 1988 година во Халабџи, на северозападот од Ирак. 

Ван Анрат е уапсен најпрво во Италија во 1989 година, на основа на налог за апсење издаден во САД. Подоцна побегнал во Ирак, каде живеел 14 години под лажно име. Кога американските трупи извршиле инвазија на Ирак во 2003 година, Ван Анрат се вратил во Холандија, каде е уапсен во декември во 2004 година и од тогаш е во затвор.

 

 

најчитано сега