Горан Јовиќ е заменик градоначалник на Велес

 

Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев во согласно неговите овластувања денеска за свој заменик во наредните четири години го назначи Горан Јовиќ, кој е воедно и советник во Советот на Општина Велес од советничкаа група на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Назчувањето е согласно член 52 став 5 согласно од Законот за локална самоуправа и член 32 став 1 од Општина Велес.

- Заедно со заменик-градоначалникот, со Советот и претседателот на Советот ние ќе ја реализираме програмата на Општина Велес во наредните четири години, а за која не избраа граѓаните на Општина Велес, потенцира Чадиев.

Заменик-градоначалникот Јовиќ потенцира дека целиот негов професионален и личен кредибилитет, искуство и знаење ќе ги стави во функција за развојот и иднината на Велес. 

МИА

ФОТО:Утрински

најчитано сега