Холивудската ѕвезда Том Хенкс не знае дека Словачка е држава

Холивудската ѕвезда Том Хенкс, ги разочара Словаците откако во една куса изјава покажа дека не знае оти Словачка е држава, јави дописникот на МИА од Прага.

Гафот по географија на Хенкс, се случи откако по театарска претстава на Бродвеј во Њујорк, тој раздаваше автограми и словачки новинар му викна ,,Словачка, Ве сака".

Хенкс прво направи гримаса, а потоа одговори: „О, јас сум луд по Словачка, што и да значи тоа", што не говори во прилог на неговите познавања од географија. 

најчитано сега