Асанж: Европо прифати го Сноуден - не потклекнувај под притисок

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ги повика денеска европските земји да не потклекнат под притисокот на САД и да го прифатат поранешниот соработник на ЦИА и НСА, кој од американските власти е обвинет за шпионажа. 

- Земјите од Европската унија, пред се Франција и Германија би требало да му го посакаат своето најтопло добредојде, под каков било статус, изјави Асанж. 

Според Асанж јавната вредност на информациите на Сноуден е потврдена со  откривањето дека САД ги шпионирале европските дипломатски мисии и институции. 

- Доколку овој млад човек се остави на меѓународната зона на московскиот аеродром, европските земји ќе ги напуштат своите принципи и дел од причините за своето постоење, нагласи Асанж, кој и самиот беше цел на Вашингтон поради објавувањето на доверливи дипломатски депеши на САД. Тој се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон. 

најчитано сега