ВИДЕО: Холанѓаните збеснаа од „имбецилната песна“ која го навредува кралот
Но, изнервирани од „имбецилната композиција“, Холанѓаните потпишаа петиција за нејзино повлекување, така што ваквото дело можеби нема да биде изведено на 30 април на крунисувањето на Вилијам Александар за крал. Повеќе од 38,000 луѓе ја потпишаа онлајн петицијата во која се бара повлекување на песната „Конинслиед“, која ја изведуваат 51 музичар. Како знак на протестите против оваа имбецилна кралска песна, се одрекувам од титулата граѓанин на Холандија“, прокоментирал еден потписник на петицијата, додека друг напишал, „Оваа песна е како севернокорејска пропаганда“.