Тодоров: Стандардизирани медицински прегледи и цени за вработените

 

Денеска министерто за труд и социјална политика Спиро Ристовски и министерот за здравство Никола Тодоров го промовираа Законот за безбедност и здравје при работа.

Министерот Ристовски рече дека усвоените измени на Законот за безбедност и здравје при работа се со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги. - Како основна причина за иницирање на законските измени беа теренските информации коишто ги добивме како министерства, а коишто покажуваат дека здравствените прегледи коишто им се вршат на работниците како редовни систематски прегледи не се стандардизирани според видот и обемот, односно не се опфатени сите сегменти, анализи и испитувања коишто треба да им се направат на работниците заради констатирање на вистинската здравствена состојба кај секој поединец, изјави министерот Ристовски.

Министерот Тодоров нагласи дека со измените на овој Закон ќе се преземат сериозни мерки против нелојалната конкуренција. 

Со новите законски уредби стандардниот лекарски преглед ќе опфаќа: анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, основни лабораториски анализи, испитување на функцијата на видот, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ и радиографија.

Ако здравствените установи не ги вршат здравствените прегледи согласно со уредбата ќе треба да платат казна од 5 000 до 8 000 евра за прекршок на правното лице и глоба во износ од  500 до 1000 евра за одговорното лице во правното лице.

најчитано сега