Милошоски амбасадор во Загреб, Васко Наумовски во Вашингтон - се готви нова гарнитура македонски амбасадори

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски ќе биде новиот амбасадор во Вашингтон, објавува Дневник. Според информациите на весникот, актуелниот амбасадор во Хаг, Никола Димитров ќе се сели во Москва, а за амбасадор во Белград, пак, е избран некој од пријавените на владиниот конкурс за амбасадори и конзули.

Според Дневник, досегашниот амбасадор во Пекинг, Оливер Шамбевски ќе се пресели во Рим, Веле Трпевски од Тирана ќе се префрли во Австралија, додека амбасадорот во Приштина Стојан Карајанов ќе го пополни амбасадорското место во Албанија.

Нов амбасадор во Љубљана, според весникот, ќе биде досегашниот конзул во Солун, Тони Димитровски, а сегашниот амбасадор од Љубљана, Игор Попов, треба да го замени Никола Димитров во Хаг. 

Екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ќе биде нов амбасадор во Загреб, а актуелната амбасадорка во Хрватска, Даниела Караѓозова најверојатно ќе оди во Канада. 

ФОТО: Утрински

најчитано сега