Електронско наддавање за парцелите во новата скопска населба Јака

Општина Илинден објави продажба на уште 25 парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба Јака. Овој пат се нудат градежни парцели со големина од 351 до 521 метри квадратни, а почетната цена на огласеното земјиште изнесува 148 денари од метар квадратен, а пријавите за учество треба да се достават до 22 јули.

Градежните парцели се наоѓаат во новата населба Јака, што се наоѓа на само 10 километри од центарот на Скопје. Населбата се простира на површина од 28 хектари и опфаќа вкупно 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири.

Претходните два месеца, на електронско јавно наддавање општина Илинден понуди 90 парцели наменети за изградба на станбени куќи за индивидуално домување, па вкупниот број на понудени парцели изнесува 115. За објава во третиот квартал од годинава се подготвуваат околу 150 парцели, со површина од 400 до 500 метри квадратни. 

најчитано сега