Поранешниот директор на бугарската тајна служба проневерил 5 милиони евра

Канцеларијата на Воениот обвинител во Софија поднесе обвинение против Кирчо Киров, поранешен директор на Националната разузнавачка служба.

Како што објавија бугарските медиуми, Киров проневерил 5 милиони евра во периодот од 2007 до 2011 година.

 Киров направил 1.100 лажни документи со потврда за непостоечки официјални трошоци, извести прес-службата на бугарското Обвинителство. 

Сега на поранешниот директор на Националната бугарска разузнавачка служба за делото кое го направил му се закануваат од 10 до 20 години затвор.

најчитано сега